Пуштен преминот Белановце-Станчиќ, подобро поврзување на кумановскиот и гљиланскиот регион

Од:

Пуштен е во употреба граничниот премин Белановце – Станчиќ, којшто ги поврзува кумановскиот регион со гњиланскиот во Косово.

Преминот ќе овозможи поврзување пред се на граѓаните на овие и на соседните општини од двете држави и ќе ја подобри бизнис комуникацијата и трговската размена, беше порачано на свеченоста на која присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, неговиот косовски колега Енвер Хоџај, како и градоначалниците на Липково и Гњилане, Еркан Арифи и Љутфи Хазири.

Граничниот премин е изграден со средства од ЕУ, преку ИПА програмата. Објектот чини 1,2 милиони евра, обезбедени од ЕУ со поддршка на државата од 10 проценти.

Изградбата на патот од село Слупчане до граничниот премин Белановце од 15 километри ја финансирала државата и чини шест милиони евра.

Претставниците на институциите посочија дека ова е чекор за поуспешна соработка и ги потврдува досегашните добри односи помеѓу двете држави.

Заедничка цел, истакнаа, се добрите односи, благосостојба на граѓаните и членство во ЕУ. На имплементација на овој проект му претходела добрата соработка на релевантните институции на двете држави и претставништвата на ЕУ во државата и Косово.

Би можело да ве интересира

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

„Падна“ компјутерскиот систем на граничните премини во Србија

Горан Наумовски

Сакале да минат граница со менувана лична карта, пасош што му фалат страници, фалс зелен картон