Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Од:

На денешното пуштање на државниот пат Крива Паланка – Деве Баир како најголем завршен проект на Владата во овие години во овој регион, министерот Љупчо Николовски најави повеќе нови проекти за 2024 година за Крива Паланка.

Здравствениот дом во Крива Паланка во 2024 ќе добие мамограф, гастроскоп, нов ренген апарат и нова медицинска опрема.

Владата во 2024 година ќе го проектира и финансира поврзувањето на Крива Паланка со Македонска Каменица.

Во оваа година ќе се заврши студијата и ќе започне со изработка на мастер планот за изградба на зимскиот ски центар на Царев Врв, инвестиција од над 200 милиони евра.

Министерот Николовски најави и сосема нов проект за изградба на брана на река Киселичка како и нова инвестиција во прехранбената индустрија за што веќе се работи на утврдување на локацијата и почеток на работите што значи отварање на нови работни места за младите.

Оваа година Владата ќе распише постапка за избор на изведувач на рехабилитацијата на обиколницата на Крива Паланка со што во мандатот на оваа Влада ќе се заврши обновата и модернизацијата на целата патна инфраструктура од Скопје до Крива Паланка.

Развојот и инвестициите се во фокусот на програмите на Владата за Крива Паланка и за оваа година.

Би можело да ве интересира

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД