Пунктови за дезинфекција на возила на влезовите во Штип

Од:

Денеска се ставени два од три пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во општина Штип. Тоа се влезот од Скопје кон Штип кај Републичката полиција, влезот од Струмица и Радовиш кон Штип кај училиштето „Искра“ и дополнително од утре ќе се работи на пункт кај влезот од Кочани кон Штип поточно кај индустриската зона „Македонка“.

„Општина Штип ги презема сите мерки и чекори коишто се во насока на поголема заштита на граѓаните, на сите возила коишто влегуваат и доаѓаат од околните градови. Морам да напоменам дека останатиот дел од градот, постојано се дезинфицира преку ТППЕ и ЈП „Исар“.

Дезинфицирани се улиците, плоштадите, јавно прометните површини и влезовите од станбените згради,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Полицијата ќе ги контролира сите пунктови кадешто возилата кои влегуваат во градот мора да ги поминат и ќе се изрекува казна доколку одредено возило го заобиколува овој пункт за дезинфекција.

Општина Штип искажува благодарност на три градежни компании коишто излегоа во пресрет на Општината и брзо и ефикасно ги изградија овие пунктови, а тоа се : Коле Транс Инжинеринг, БАУ Инжинеринг и Пелагонија инжинеринг.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена