Пукано во близина на штаб на ДУИ

Од:

4-5 куршуми биле испукани од возило во движење во непосредна близина на изборниот штаб на ДУИ во тетовска Мала Речица, соопшти СВР Тетово.

Настанот се случил вчеравечер околу 21 часот и 50 минути на улица „Љуботенска“, а сторителите, кои сеуште се непознати, најверојатно пукале од гасен пиштол.

Полициски службеници на СВР Тетово, за кусо време пристигнале на местото, но не се пронајдени празни чаури, ниту се регистрирани оштетувања на околните објекти.

Полицијата информира дека се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со овој случај.

Зоран Јовановски

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата