Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

Од:

Изутринава во 8.38 часот во населбата Лисиче во Скопје е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски кој исчезна пред четири месеци.

Полицијата е на терен, а таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже лекарска помош.

Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред отприлика еден месец соопшти дека истрагата за Костадиновски е сè уште во тек и се преземаат низа криминалистички дејствија.

Тоа што е досега познато, како што посочи министерот, е дека се уапсени две лица во однос на овој предмет и дека е поднесена кривична пријава за грабнување.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син.

Би можело да ве интересира

Пукање во Будва, убиен е член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

(ВИДЕО) Специјалци на улиците во Сиднеј, уапсени се седум мажи кои биле на пат кон познатата плажа Бонди

Брисел: 2025 година рекордна година по број на пукања

Се зголеми вкупниот број на загинати во терористичкиот напад во Сиднеј, меѓу загинатите има и дете

Горан Наумовски