Публикациите укажуваат дека кај пациентите на респираторни машини смртноста е околу 98 проценти, вели Филипче

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција наведе дека публикациите покажуваат дека смртноста кај пациентите кои се поставени на респираторна машина, како последица од корона вирусот, е околу 98 проценти, наведувајќи дека смртноста во земјава, од околу четири проценти е во просечната светска рамка.

На новинарското прашање во однос на смртноста, земајќи во предвид дека во соседните земји е значително помала, и дали се штитат болничките капацитетите и пациентите се оставаат на домашно лекување, Филипче нагласи дека болничките капацитети се подготвени и за третман на најтешките форми на болеста.

– Болничките капацитети се подготвени, тие не се ни преполнети, подготвени се и за третман на најтешки форми на болеста. Смртноста е некаде во светските рамки, околу четири проценти во нашата земја и во неколку наврати досега коментиравме дека станува збор за болест којашто во онаа најтешка форма, кога се пацинетите на респираторна машина, публикациите укажуваат дека смртноста е околу 98 проценти значи тоа е вирус, болест, којашто ги напаѓа сите органи. Во онаа најтешка манифестација на болеста и покрај сите преземени мерки за жал за пацинетите не може да се направи ништо, истакна министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он