А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ПССЕ неделава ќе расправа за Македонија

by А1он24/06/2013 - 14:16177
Share0

Делегација на Собранието на Република Македонија од денеска учествува во работата на ПССЕ  во Стразбур. Летната сесија е дотолку позначајна бидејќи на неа ќе биде разгледан извештајот за постмониторинг дијалогот на ПССЕ со Република Македонија. Овај извештај изготвен од британскиот парламентарец Роберт Волтер, беше усвоен од страна на Мониторинг комисијата на ПССЕ пред околу еден месец.

Добивај вести на вибер

Претседателот на ПССЕ, Жан-Клод Мињон денеска пред почетокот на сесијата нагласи дека ова ќе биде значајна дебата.

– Знаете јас ја посетив неодамна Македонија, таму се сретнав со претставници на властите и тоа беше прва посета од ваков вид, бидејќи посетата на оваа земја во  придружба на известувачот беше со цел да се претстави извештајот на македонските власти, на властите на оваа земја, извештај кој ќе биде на дебата и усвојување од ПССЕ во текот на оваа сесија. Јас посакувам и во иднина да продолжиме со оваа практика, рече Мињон.

Извештајот е на дневниот ред во четврток, и во него да постетиме  се опфатени сите сегменти од евроинтеграциите на Република Македонија: борбата против корупцијата, пост-изборните настани, функционирањето на парламентот, Охридскиот рамковен договор, реформата на судството, администрацијата, човековите права, малцинските, јазичните и културните права, борбата против трговијата со луѓе, прашањето за лажните азиланти, резултатите и проценка на изборните резултати од 5 јули 2011, како и локалните избори од 2013 година.

Во извештајот, посебен дел е посветен и на случувањата по 24 декември, но тоа што е важно  треба да се нагласи е делот кој се однесува на интеграциите во НАТО и ЕУ.

ПССЕ дава јасен став дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ и презентира досега најасен став околу ова прашање како и блокадата на интеграциите од страна на Грција. Имено во резолуцијата во точката два се вели:

“ПССЕ жали што прашањето за името продолжува да го одложува отварањето на преговори за членство во ЕУ, иако за тоа има препораки секоја година од 2009 досега од страна на Европската комисија, како и обидот на Македонија за членство во НАТО, притоа без да се почитува од страна на Грција одлуката на Меѓународниот суд на правдата ( ИЦЈ) од 5 декември 2011г. ПССЕ се надева дека Грција ќе примени и прифати пофлексибилен приод кон решавање на ова прашање. ПССЕ ја поканува Македонија да го продолжи дијалогот под покровителство на Обединетите нации за решавање на прашањето на името, како и да развива конструктивни односи со соседите, со тоа придонесувајќи за целокупната стабилност на регионот”.

Во изјавата на шефот на Делегацијата на Собраниетот на Република Македонија во ПССЕ, Александар Николоски, кој е и член на Мониторинг комисијата веднаш по усвојувањето на извештајот извештајот го прокомонтира на овај начин:

„Ова преставува досега најсилна и најасна порака до Грција дека треба да престане де го користи прашањето за името за блокирање на волјата на македонскиот народ за членство во НАТО и ЕУ, како и јасно повикување на одлуката на Меѓународниот суд на правадата која Грција за жал не ја почитува.“

Според него исто така е вонредно значајно што во текот на целиот текст на предложената нацрт резолуцијата и препораката се користи терминот – Македонија и придваката македонски како јасен став на известителот Роберт Волтер како и на ПС на Совет на Европа.

Инаку ова не е прв пат известител на ПССЕ да го користи само терминот Македонија.

Во предложениот документ од страна на Роберт Волтер не е предложено затворање на пост-мониторинг дијалогот, но тој најавува дека тоа ќе треба да биде направено наскоро. Треба да се знае дека и земји членки на ЕУ сеуште сепод постмониторинг дијалог со ПССЕ.

Мониторинг комисијата е една од најважните комисии на ПССЕ.

eupsse

Би можело да ве интересира

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

Горан Наумовски28/10/2025 - 13:50

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски27/10/2025 - 20:0927/10/2025 - 20:46

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Горан Наумовски24/10/2025 - 13:16

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Горан Наумовски24/10/2025 - 11:57

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Горан Наумовски24/10/2025 - 10:43

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски24/10/2025 - 07:1424/10/2025 - 07:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен