Психијатар од Демир Хисар заразен од Ковид-19, сите психијатри од болницата во изолација

Од:

Во Психијатриската болница во Демир Хисар, доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека докторот немал симптоми, но имал семејна анамнеза.

„Со оглед на тоа што бил во контакт со колегите во болницата, направени се епидемиолошки анкети и преземени се мерки, препорака за самоизолација на психијатрите во болницата. Заедно со психијатрите од Скопје ја организиравме работата на болницата во Демир Хисар. Колегите психијатри од другите институции од Битола и Прилеп до завршувањето на самоизолацијата ќе бидат прераспределени во Демир Хисар, а по потреба ќе бидат вклучени психијатри и од други градови“, рече Филипче.

Сите пациенти на кои ќе им биде индициран хоспитален третман ќе бидат распределени во Битола, Охрид и Прилеп, а итните случаеви ќе бидат донесени на Инфективната клиника во Скопје.

Филипче информираше и дека ќе се затвори Центарот за ментално здравје во Прилеп кој го управува Психијатриската болница во Демир Хисар.

Филипче информираше дека во моментов на на Клиниката за инфективни болести има 64 пациенти. Во последниве 24 часа примени се шест нови, a осум се со потешка клиничка слика.

Од денеска, во функција е и веб-страната koronavirus.gov.mk, каде што граѓаните ќе имаат можност да прочитаат корисни и најнови информации за коронавирусот.

Министерот за здравство уште еднаш повтори дека пикот на коронавирусот во земјава се очекува кон крајот на месецот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација