А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Првото бебе во Кумканово машко

by А1он01/01/2016 - 13:0973
Share0

Првото бебе во Куманово во 2016 година е машко, родено 35 минути по полноќ во кумановската болница. Тоа е прво дете во семејството Ѓорѓевиќ од кумановското село Речица. И мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Прво бебе ни е во семејството, се уште нема име. Чекаме кумот да ни го каже, изјави, 27 – годишната мајка, Марија Ѓорѓевиќ.

Новороденчето доби пригодни подароци од локалната власт и од Општата болница. Здравје, среќа и успех на новороденчето и мајката, како и на сите граѓани од име на општината им поска секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска

Ова е единственото бебе кое е родено во новогодишната ноќ во Куманово. Бебето е тешко 2,990 килограми и долго 50 сантиметри.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Бебето е витално, мајката е добра се подори со царски рез, изјави началникот на гинеколошко-акушреското одделение, доктор Нисо Тасов.

Информираше дека неколку пациентки чекаат во породилната сала. Во текот на 2015 година, на одделението за гинекологија се родиле 1.540 бебиња, 60-тина помалку во однос на претходната година. Лани во кумановската болница се родиле и 12 пара близнаци.

Новогодишната ноќ во Куманово помина мирно, без проблеми. На одделението за хирургија помош побарале две млади лица кои имале телесни повреди на главата.

– Двајцата повредени се млади. Имаа телесни повреди на главата, им пруживме помош. Ноќта беше мирна, иако ние работевме тековно, изјави доктор Агрон Алими од одделението за хирургија,од општа болница Куманово.

На интерното одделение во текот на новогодишната ноќ, бележат само две интоксикации од алкохол кај двајца 19-годишници. По пружената помош двајцата пуштени се на домашно лекување, информираше Љупка Стојчева, главна сестра на интерното одделение.

И од Итна помош Куманово не интервенирирале за време на новогодишната ноќ.

Од СВР Куманово информираат дека новогодишната ноќ поминала без проблеми, регистрана е само една сообраќајна несреќа со материјална штета.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Горан Наумовски20/06/2026 - 11:36

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски16/06/2026 - 15:0016/06/2026 - 15:01

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски16/06/2026 - 11:1116/06/2026 - 11:12

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он11/06/2026 - 15:2611/06/2026 - 16:00

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Горан Наумовски08/06/2026 - 13:43

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски05/06/2026 - 15:0405/06/2026 - 15:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто