Првото бебе во Куманово е машко, во болницата утрово се родиле уште три бебиња

Од:

Првото бебе во Куманово е машко. Родено 45 минути по полноќ и е прво дете во семејството Авдиљи од Ваксинце. На првиот ден во Новата Година се родиле четири новороденчиња. Денеска, првото новороденче го посети градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски кој му подари штедна книшка со средства во висина од една просечна плата.

-Посакувам во име на граѓаните на Куманово и од мое лично име, здравје, успех на него и на неговото семејство да израсне во личност која ќе даде придонес за развој на општината и државата. Од денеска, согласно програмата која ќе ја реализираме со ЈП „Чистота и Зеленило“, насловена „Посади живот, за живот„ за секое новороденче во првите 30 дена на домашна адреса ќе добие садница која неговото семејство ќе има обврска да ја засадат или на нивниот имот или на територија на општината, изјави Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе