Првомајски работнички протест: Повисоки плати од утре, не сме ви робови седум дена во неделата

Од:

Во оргaнизација на Сојузот на синдикатите на Македонија работниците денеска излегоа на протест со кој побараа зголемување на платите, враќање на регресот за годишен одмор, нови колективни договори како и работодавачите да ја повлечат претставката за недела неработен ден. Штрајкот почна пред ССМ, продолжи пред Собраниeто, Сојузот на стопански комори и заврши пред Владата.

Присуствуваа членови на повеќе гранкови синдикати кои носеа транспаренти со пораки за подобрување на стандардот и на правата на работникот.

„Плати поголеми уште од утре, бидејќи економската криза ја изеде платата на работникот. Да ја повлечете претставката за недела неработен ден, бидејќи тоа е реалност за работникот. Нема да ви бидеме робови седум дена во неделата. Добро е што уште вака ве повикуваме и на некој начин ве замолуваме. Ќе се собереме, ќе блокираме и овој пртотест лесно ќе прерасне во штрајк – а тоа значи прекин на работата во работно време. Затоа е време да се договориме и да се опаметите. Време е да ја повлечете претставката пред Уставниот суд“, рече Димовски во обраќањето пред Сојузот на стопанските комори рече претседателот на ССМ Димовски во обраќањето пред Сојузот на стопанските комори.

Пораки од протестот беа испретени и од пред Владата каде на работниците им се обратија и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Би можело да ве интересира

„Денешниот ден треба да ги засрами сите, а најмногу пратениците“ – ССМ го блокираше Собранието

Патните трошоци на пратениците на месечно ниво се повисоки од минималната плата на еден работник, вели Пешевски

„Пратениците го блокираат законот за минимална плата“ – Синдикатите го блокираат Собранието

Катерина Ѓуровски

За повисоки плати, блокада на синдикатите пред Собранието

Катерина Ѓуровски

Синдикатите ќе блокираат, пратениците ќе дојдат пешки или порано

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието