Прво конзилиарно мислење па лекување во странство за малата Валерија

Од:

По апелот за донација за лекување во странство на девојчето Валерија Зафировска, Фондот за здравствено осигурување соопшти дека стапиле во контакт со родителот и утврдиле дека осигуреното лице не располага со конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена установа.

„Иако немаме добиено барање за лекување во странство на малата Валерија, Фондот за здравствено осигурување веќе закажа состанок со стручните лица од ЈЗУ УК за неврохирургија и со ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести кои ќе го дадат својот наод и стручно мислење“ се наведува во соопштението на Фондот.

Фондот нагласи дека максимално брзо ќе одговори и ќе излезе во пресрет на барањето за лекување во странство за осигуреното лице, доколку конзилијарното мислење е потврдено од соодветната клиника и во согласност со законските прописи.

Фондот искрено се надева дека лекувањето ќе биде успешно. На крајот би сакале да додадеме дека наша прва и основна цел е грижата за осигурениците, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов