Прво ќе се отвораат едукативните институции, автошколите и секој кој работи со шалтери

Од:

Ако трендот и во текот на утрешниот ден покажува намалување на бројот на новозаразени, како  што беше во последниве две недели, ќе биде препорачано да има отворање на институциите, но тоа ќе оди постепено, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека први кои би почнале да функционираат би биле оние кои организираат едукации, курсеви, како и автошколите. Освен тоа, приоритет ќе бидат и сите оние кои можат да воспостават шалтерски систем на функционирање, односно таму каде што може да се дозволи воспоставувањето ред, физичка дистанца и носење маски. Во овој дел влегуваат и кладилниците.

Во однос на спортовите, пак, министерот за здравство рече дека прво се размислува да се дозволат индивидуалните спортови.

„Сите овие предлози ќе се разгледуваат утре и ќе бидат предложени до Централниот штаб на Владата, па доколку бидат усвоени, ќе излеземе со повеќе детали“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник