Прво авионско прскање против комарци во Куманово

Од:

Првото авионско прскање против комарци на подрачјето на општина Куманово ќе се изврши утре, во раните утрински часови.

Општина Куманово ги информира пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Ако временските услови не дозволат да се изврши авионската дезинсекција, тогаш таа се ќе се спроведе наредниот ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.

– Ова е прво авионско прскање против комарци, со кое ќе бидат опфатени три илјади хектари, а до крајот на сезоната се очекуваат уште две. За трите прскања и препаратите општината одвои милион и двесте илјади денари без ДДВ, изјави секретарот на општина Куманово Валентина Алексовска.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе