Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Од:

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеци бил вработен во Централен регистар на определено време, дознава „А1он“. Двајцата живеат во иста куќа, во скопската населба Даме Груев.

Градоначалникот Наумоски тврди дека немал никаков влијание за неговиот братучед да биде вработен, а запрашан на која работна позиција е поставен, тој вели: „Не знам. Не сме се виделе одамна, поради обврските“. Претходно, во периодот 2004-2005 година и градоначалникот Александар Наумоски работеше во Централниот регистар.

„Не сум имал никако влијание. Како можам јас да влијаам? Тој е дипломиран, а таа е професионална установа каде треба квалификации. Тој има 7-8 години искуство. Централен регистар е професионална установа каде се потребни квалифакации“, вели Александар Наумоски за „А1он“.

Од Централниот регистар не одговорија на прашањата дали Мирослав Наумоски ги исполнувал критериумите, на која работна позиција е распределен, на кој оглас се пријавил и како од сите кандидати токму тој е избран на позицијата.

На „фејсбук“ профилот од сега вработениот Мирослав Наумоски можат да се видат низа од фотографии каде тој се појавувал на партиски активности организирани од СДСМ, а учествувал и во предизборната кампања на неговиот братучед Александар Наумоски. Во периодот од 2009-2013 година тој бил советник на СДСМ во Општина Ѓорче Петров.

Антикорупциската комисија минатата недела ги објави случаите кои ќе бидат отворени за вработувањата на децата и роднините на актуелни функционери во државниот сектор, а премиерот Зоран Заев најави дека веќе дел од нив му потврдиле оти нивните блиски ќе се откажат од работните места.

Денеска, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место во Централниот регистар во Струмица, но дека станува збор само за „морален чин“.

Кристијан Ландов 

Би можело да ве интересира

Арсовска: Кривични за градоначалникот на Ѓорче и министерот за транспорт – „Нема да дозволиме еколошка катастрофа на Скопје“

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Три хемиски фабрики во новиот ДУП за Ѓорче – „Загрозен животот на карпошани“, Јакимовски бара Уставен да го укине

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Скандалозен екоцид со амин на градоначалникот Стојкоски

А1он

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Костадинов: Со вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе се погреба бугарскиот карактер на Македонија

А1он