Првичните сознанија говорат дека во починатото лице во Демиркаписко е пукано со огнено оружје

Од:

Првичните сознанија на Обвинителството говорат дека во починатото лице во Демиркаписко, кое беше пронајдено во саботата навечер, е пукано со огнено оружје.

Државното јавно обвинителство наведе дека се чека да се види дали обдукцијата ќе потврди дека е пукано со огнено оружје.

– Основното јавно обвинителство постапува по предметот во врска со пронајденото починато лице. Беше наредена обдукција и вештачење на траги. Предметот е во предистрага. Обвинителството продолжува со постапката, во насока на расчистување на случајот, рекоа од Обвинителството.

Според информациите добиени од Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес, во саботата околу 18.30 часот во Полициската станица Демир Капија било пријавено дека на место викано „Селиште“-Копришница, атар на општина Демир Капија, бил пронајден Ј.Д.(50) од село Тимјаник, Неготинско.

– Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, рече Додевски .

Би можело да ве интересира

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Трагедија во Краљево: Со самострел ја уби сопругата, ја рани мајка си, а потоа изврши самоубиство во семејната куќа

Горан Наумовски