Први фотографии од мајка со рисче на Јабланица

Од:

По подолг мониторинг на Програмата за заштита на балканскиот рис, која ја спроведува Македонско еколошко друштво (МЕД), сликана е мајка рис со младо на планината Јабланица. МЕД досега преку методот фотозамки има слики од три риса на Јабланица, но ова е првпат да има слика од мајка со рисче.

– Сликите ги добивме од Ловечкото друштво „Черн камен“ од Вевчани со кое соработуваме две години. Ова е одличен податок кој покажува дека овој загрозен вид се размножува и надвор од неговото јадрово подрачје, а тоа е националниот парк Маврово – изјави Диме Меловски, раководител на програмата за заштита на балканскиот рис од МЕД.

Во рамки на Програмата за заштита на балканскиот рис постои мониторинг-мрежа составена од ловџии, шумари, ветеринари и љубители на природа кои доколку видат или сликаат рис или жртва од рис, за тоа веднаш го известуваат во МЕД. Примери за успешна соработка на Македонско еколошко друштво со ловечките друштва кои се концесионери во Западна Македонија се и сликите што ги имаме добиено од ловното друштво „Питон“ од Охрид на мајка со младо на Караорман во 2014 година како и од друштвото „Еко фазан“ од Кичево коишто на почеток на оваа година ни испратија видео од мајка со младо забележани на преминот Буковиќ (Стража).

МЕД уште од 2008 година лобира Јабланица да стане национален парк поради богатите природни вредности, но и нејзината важност како биокоридор за крупни ѕверови меѓу кои и критично загрозениот балакнски рис. Делот на Јабланица во Република Албанија е прогласен за национален парк уште во 2008 година.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Примерок на Балкански рис повторно „фатен“ од камерите на Националниот парк „Галичица“

Ана Ололовска