Прва регионална конференција за активен туризам во Европа

Од:

Прва регионална конференција за активен туризам во Европа „АдвенчрНЕКСТ Балканс“, ќе се одржи од денеска до четврток во Охрид, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

На тридневната конференција, што ќе се одвива под мотото „Знаење. Партнерство. Раст“, ќе присуствуваат повеќе од 300 претставници од јавниот и приватниот сектор од 12 дестинации од Југоисточна Европа кои ќе се поврзат со 60 меѓународни туроператори и 25 новинари од 16 држави (од реномирани медиуми како The Guardian, New York Times и National Geographic).

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија ја организира конференцијата во соработка со Меѓународното здружение за активен туризам (Adventure Travel Trade Association – ATTA) и со поддршкаа од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата