Прва посета на Јолевски како министер за одбрана на седиштето на НАТО

Од:

Новиот министер за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, својата прва официјална посета на новото работно место ќе ја има во петок на седиштето на НАТО во Брисел, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Јолевски, кој задутре задно со целиот состав на Владата треба да биде избран во македонското Собрание, на 20 јуни заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе присуствува на редовниот состанок на Северно-атлантскиот совет со Република Македонија.

На овој состанок, министрите за надворешни работи и за одбрана ќе ги претстават постигнатите резултати на нашата земја во реализацијата на севкупните реформи предвидени со Акцискиот план за членство во НАТО, со посебен акцент на политичко-економските и обранбено-безбедносните постигнувања. Со овој состанок ќе биде затворен Петнаесеттиот циклус на имплементацијата на Акцискиот план за членство на Република Македонија во НАТО за 2013-2014 година.

Исто така, посетата на двајцата министри на седиштето на Алијансата во Брисел ќе биде искористена и за средба со заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александер Вершбоу, кој е предвидено да го води состанокот на Советот.

Посетата на Јолевски на седиштето на НАТО, како негова прва на министерското место на кое дојде по седумгодишно амбасадорување во САД, е јасен сигнал за цврстата определба на македонската Влада и пред се на Министерството за одбрана за членство на Македонија во Северноатлантската организација.

Би можело да ве интересира

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО