Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата нема да биде вклучена во американско-израелските воени акции против Иран, но оцени дека овие операции се важни бидејќи, како што изјави, ја намалуваат способноста на Техеран да стекне нуклеарни и балистички капацитети.

Во изјава за германската телевизија АРД, тој нагласи дека нема планови за вклучување на НАТО во тие операции.

„Апсолутно нема планови НАТО да биде вовлечен во ова или да биде дел од него, освен што поединечните сојузници прават сè што можат за да го овозможат она што САД го прават заедно со Израел“, истакна Руте.

Тој ја пофали акцијата на САД и Израел, нагласувајќи дека тоа „го намалува капацитетот на Иран да стекне нуклеарни капацитети и балистички ракети“.

„Она што САД го прават заедно со Израел е навистина важно, бидејќи ја ослабува способноста на Иран да постигне нуклеарни и балистички капацитети“, рече Руте.

Руте, денес во разговор со новинарите изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува дејствијата на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа, за Израел и за другите земји во регионот.

На прашањето дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз Иран дошла предоцна, Руте одговори дека пред официјалното одобрување од Велика Британија, „правните аспекти на прашањето“ морале да се решат, пренесува Би-Би-Си.

Тој потврди дека пред интервенцијата на САД во Иран, имал бројни разговори со американски претставници и додаде дека официјален Вашингтон и НАТО воспоставиле „тесна координација“.

Би можело да ве интересира

Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Предраг Петровиќ

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија