Прва генерација учесници на Професионална програма за одржливо лидерство во Македонија

Од:

Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ денеска ќе ја промовираат првата генерација учесници на Професионалната програма за одржливо лидерство во Македонија.

Програмата е основана со цел создавање конкурентни кадри кои преку својот професионален развој ќе ги усовршат своите менаџерски и лидерски вештини потребни за градење одржливи системи и организации во склад со зачувување на животната средина и грижа за природните ресурси.

– Учесниците во програмата ќе ги зајакнат своите капацитети и придонесат кон градење одржливи општества и обезбедување благосостојбата на идните генерации. Составен елемент на оваа промоција ќе биде претставување на сите дисципини кои ќе се изучуваат во рамки на оваа единствена студиска програма. Таа ќе биде имплементирана од страна на домашни и меѓународни предавачи со долгогодишно професионално искуство од институции од Македонија, Словенија, Австрија и Литванија, соопшти Економскиот факултет при УКИМ.

Професионалната програма за одржливо лидерство е креирана во рамки на проектот PoSsibLe, финансиран од ЕУ програмата Еразмус+, за градење стратешки партнерства во областа на високо образование.

Би можело да ве интересира

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он