Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани

Од:

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 495.967 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, а ревакцинирани се 351.369 граѓани, информира Министерство за здравство.

Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, велат од Министерство за здравство.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Би можело да ве интересира

Од утре почнува вакцинацијата со трета доза против Ковид-19

Бројот на активни случаи намален, речиси половина од позитивните на Ковид-19 се во Скопје

Помал интерес за вакцинација, вчера прва доза примиле само 1.717 граѓани

Катерина Павлова-Николовска

МЗ: Вчера се аплицирани 7.518 вакцини

Ана Ололовска

110.612 вакцини Фајзер преку Ковакс-механизмот пристигнуваат денеска

Катерина Павлова-Николовска

Две дози вакцина против Ковид-19 примиле речиси 700 илјади граѓани

Катерина Павлова-Николовска