На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 473.657 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.521 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305.804 граѓани.
Со последните бројки 61% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 58% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.
Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.
Од Министерството за здравство информираат дека теренската вакцинација утре, петок 23.07.2021 ќе се одвива во следните населени места:
Тетово – Шипковица, Вешала, Бродец, Лисец, Гајре, Бозовце
Гостивар – Речане, Вруток
Ресен – Дрмени, Г.Д.Перово, Лавци, Волкодери, Покрвеник, Шурленци, Прељубље, Крушје, Златари, Иабишта, Лева Река
Штип – Козјак, Аргулица, Црвулево
Свети Николе- Сарамзалино, Аџиматово
Берово – Двориште
Струга – Делогожда
Ростуше
Струмица – Банско, Баница
Неготино – Дрен, Чифлик
Пробиштип – Петршино
Кочани – Нивичани
Кичево – Грешница, Бачишта, Лешница, Речани
Битола – Ореово, Паралово, Маково, Орле, Рапеш, Брник, Зович, Старавина, Будимирци, Градешница
Охрид – Пештани, Трпејца, Љубаништа
Македонски Брод- Г.Манастирец, Д.Манастирец, Сушица, Тополница
Велес – Д.Чичево, Г.Чичево, Подлес
Скопје – Сандево, Кучевиште, Побожје