Прва доза вакцина вчера примиле 3.263 граѓани

Од:

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 458.040 граѓани, информира Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.263 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани, соопштува Министерството за здравство.

Со последните бројки 51 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Прва доза вакцина вчера примиле 3.770 граѓани

Ана Ололовска

Прва доза вакцина вчера примиле 4.098 граѓани

Ана Ололовска

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани

Ана Ололовска

Половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани во август, наесен можни рестрикции за невакцинираните

Ана Ололовска

МЗ: Теренската вакцинација продолжува утре во повеќе места низ државата

Ана Ололовска

Македонците и понатаму се вакцинираат на Белградскиот саем

Ана Ололовска