Прва доза вакцина вчера примиле 2.683 граѓани

Од:

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 456.607 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 278.202 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.683 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.202 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 482.058 дози вакцини, а ревакцинирани се 203.856 граѓани, известува Министерство за здравство.

Со последните бројки 50 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопштува Министерство за здравство.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски