Царовска: Мора да се запре иселувањето на младите

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска имаше воведно излагање на првиот состанок на Координативното тело за подготовка и имплементација на Гаранцијата за млади, тело кое има одговорна задача да работи на една од приоритетните цели на Владата младите да ја проектираат и градат својата иднина во својата татковина.

Имено, стапката на невработени млади од 15 до 29 години во Република Македонија е 40,1 % во вториот квартал од 2017 година или во апсолутна бројка 85.308 лица. Околу 130.000 млади лица од 15-29 години, не се ниту во образовен процес, ниту во евиденцијата на Агенција за вработување на Република Македонија, ниту во работен однос. Tокму тие ќе бидат една од главните таргет групи за вклучување во Младинската гаранција.

Активирањето и промовирањето на вработувањето на младите и нивно интегрирање на пазарот на трудот може во голема мера да го подобри преминот на младите од училиште на работа. Квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, стажирање и практикантство се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата.

„Со последната ревизија на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, најголем дел од новите активни мерки за вработување се однесуваат на младите невработени лица до 29 години со што се потврдува стремежот на Владата на Република Македонија и согласно со дефинираните активности што ги содржи Младинската гаранција за зголемен опфат и вклучување на младите невработени лица на пазарот на трудот во Република Македонија. Иселувањето на младите е една од поголемите трауми на нашата земја и таа носи големи последици и за иднината. Затоа мораме посветено да работиме на создавање перспектива за младиот човек, да ги зголемиме шансите за пристоен живот, а да ги минимизираме причините поради кои младиот човек го напушта својот дом и земја”, рече во своето излагање министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Спроведувањето на Гаранцијата за млади во Европската унија генерираше многу научени лекции и искуства, кои треба да ги имаме предвид при имплементацијата во нашата земја. Во таа насока, на состанокот со своја презентација настапи Вали Корбанезе, експерт на Меѓународната организација на трудот.

На состанокот учествуваа и претставници на Националниот младински совет на Македонија, ИМЕ Програмата/Swisscontact, Швајцарската амбасада, претставник на Министерството за труд на Црна Гора, Меѓународната организација на трудот, Агенцијата за млади и спорт, како и претставници од министерствата при Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска