Прв состанок на Комитетот за преговори за пристапување во ЕУ

Од:

Комитетот за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија одржа конститутивен состанок на кој се разгледуваа модели за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на пристапни преговори, со цел поадекватно позиционирање на државата во клучните фази на процесот на пристапување на земјата во Унијата, соопшти вечерва владината прес-служба.

На состанокот е поздравена иницијативата и се дадени насоки за разработување на моделот на вклучување на граѓанските организации во процесот на пристапни преговори за членство на нашата земја во ЕУ.

Премиерот Зоран Заев, кој претседава со ова тело, ја истакнал потребата од брза реакција на сите кои ќе бидат вклучени во процесот во една од најзначајните фази за нашата држава.

Комитетот е највисоко работно тело за координација на процесот на пристапни преговори. Ги разгледува и утврдува предлог-преговарачките позиции, расправа и зазема став по најважните прашања кои произлегуваат од преговорите. Ја утврдува динамиката на преговорите, роковите за хармонизација на законодавството и изворите на потребните финансиски средства за исполнување на преземените обврски во текот на преговорите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ