Прв случај на заболен од коронавирус во Македонија

Од:

Жена, повратник од Италија е првата заболена од коронавирус во Македонија, дознава А1он. Се очекува информацијата да биде потврдена од страна на министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во 16.30 часот.

На прес-конференцијата ќе се обратат премиерот Оливер Спасовски, Филипче и д-р Жарко Караџовски.

Неофицијално, станува збор за третото лице за кое претходно министерот кажа дека резултатите се уште не се готови.

Заболениот пациент од коронавирус сам се јавил на клиниката за Инфективни болести во Скопје, заедно со уште двајца пациенти. Сите допатувале од Италија во Македонија. Другите две лица беа негативни на коронавирусот.

Во меѓувреме, како што дознаваме, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ забранети се посети, вратите на дел од клиниките се затворени и се врши дезинфекција.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Стевановиќ: Пациентот од Велес е во добра состојба, можно е да се заразил од крлеж додека рибарел на Вардар

A1on

Трет случај на конго кримска хемогарична треска

Стевановиќ: Болничарката од Инфективна од денеска го прима лекот против конго-кримска треска

A1on