Прв академски час на ФОН

Од:

Универзитетот ФОН на денешниот прв академски час, ја започна 11 кадемска година на 9 факултети. Пред повеќе од 800 бруцоши кои ќе студираат на одделенијата во Скопје, Струмица, Струга и Гостивар се изврши и промената на ректорската функција, со што Академик Камбовски стана нов ректор на Универзитетот.

Во својата поздравна реч, потпретседателот на Универзитетот ФОН Сефер Цаноски истакна дека Универзитет и кадарот кој успешно раководи веќе 10 години е спремен да направи нова историја во високото образование во Република Македонија. Да се наметне како сериозен високообразовен бренд кој ќе го освои регионот и ќе биде препознатлив по својот квалитет во науката но и конкурентен во сите циклуси на образование, преку создавање на способни дипломци, магистри и доктори на науки што ќе допридонесуваат во сите сегменти од професионалниот живот.

Оваа генерација е посебна за нас, ова ќе биде генерација на новите предизвици во ерата на знаењата, развојот на технологија и науката – додаде Цаноски.

Новиот Ректор Академик Камбовски, во својата пригодна реч по повод преземањето на функцијата, се осврна врз темелите на академизмот кои нашата држава ги гаи повеќе од 1000 години, како и кон визијата каде ќе се движи ФОН како Универзитет кој претендира да стане регионален центар за високо образование во наредните пет години.

Посветеноста и ентузијазмот на сите учесници во високообразовниот процес на Универзитетот – студентите, професорите, вработените е основен предуслов но и најсилна гаранција за успешно остварување на таквите задачи. Се надевам дека сите заедно ќе можеме да одговориме на очекуваните предизвици – Истакна Камбовски.

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

Со 84 рози и 12 бели гулаби АУЕ – ФОН ја одбележа годишнината од смртта на основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк

Ана Ололовска