Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради нестабилните временски услови и силниот ветер кој го попречуваше летањето на авионите и разнесувањето на средствата за дезинсекција, се одложи закажаната авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на поплавеното подрачје, којашто требаше да се рализира денеска.
Вонредното прскање коешто ќе се изврши заради настанатата состојба во поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче, Смилковци и на другите населени места коишто се поплавени, ќе се реализира утре, сабота, во периодот од 5 до 9 часот доколку времските услови го дозволат тоа.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.