Викендот продолжува прскањето против возрасни комарци

Од:

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниот викенд ќе продолжи првиот наврат од авионската и терестричната дезинсекција во 2016 година  против возрасни форми на комарци на подрачјето на град Скопје, која поради временските услови беше одложена.

Продолжување на првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 14.05.2016 (сабота), во период од 05.30 до 10.00 часот.

Аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 24.04.2016 до 28.04.2016 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, се посочува во соопштението од Град Скопје, авионската дезинсекцијата против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.

Во соопштението од Град Скопје се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Би можело да ве интересира

Викендов ново прскање против комарци во Скопје

Жарко Настоски

Во понеделник наутро во Скопје ќе се прска против комарци

Жарко Настоски

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Ново одложување на прскањето против комарци во Југоисточниот регион

Ана Ололовска

Прскањето против комарци одложено за утре поради дождот

Емир Латифовиќ

Во Скопје викендов ќе се прска против комарци