Проверете се во избирачкиот список!

Од:

Денеска во 19 часот истекува рокот за увид во избирачкиот список.

Државната изборна комисија упати повик до граѓаните да го искористат последниот ден за увид во избирачкиот список.

Доколку не се пронајдат таму, веднаш да поднесат барање, за да можат да бидат запишани во списокот за гласање.

Полнолетните граѓани што денеска до 19 часот нема да извршат увид во избирачкиот список и притоа нема да побараат да бидат запишани во него, нема да може да гласаат на локалните избори закажани за 24 март годинава.

„Сите полнолетни граѓани што по 11 јануари годинава извадиле биометриска лична карта или патна исправа треба да се јават во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК заради проверка и впишување во избирачкиот список додека трае јавниот увид. Доколку по завршувањето на јавниот увид не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во избирачкиот список за локалните избори“, појаснуваат од ДИК.

МВР ќе работи и на денот на изборите, кога ќе издаваат биометриски лични документи. за сите оние граѓани кои се евиден¬ти¬рани во избирачкиот список.

Сите граѓни промениле адреса ги изгубиле личната карта и пасошот ќе можат да извадат нови.

Граѓаните што немаат важечки документи нема да можат да гласаат

Би можело да ве интересира

Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Горан Наумовски

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

ДИК утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници во Собранието

ДИК ги потврди листите со кандидати за пратеници

Горан Наумовски

Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ