А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Протокол за работни места: Редовно миење и дезинфицирање и физичко растојание меѓу вработените

by А1он04/06/2020 - 11:0104/06/2020 - 11:36647
Share0

Редовно и темелно миење на рацете, поставување дезинфекциски средства на истакнати места во работната средина, носење заштитни маски, држење дистанца од најмалку еден метар, избегнување  директен физички контакт со други лица како прегрнување, допирање и ракување, организирање на работата во смени или на далечина доколку е тоа возможно, се дел од препораките што ги содржи Протоколот за превентивни мерки на работните места што Владата го усвои на 60-тата седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

Препорака е рацете да се мијат со сапун или со средство за дезинфекција пред отпочнување со работа, пред јадење и по контакт со колеги и клиенти или по контакт со потенцијално загадени предмети, како што се ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад…. Редовно да се чистат работните површини, особено оние кои често се допираат, како рачки на врати и прозорци и прекинувачи за светла. На работното место треба да има доволно заштитни маски за лице и хартиени марамчиња, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.

На видно место треба да се истакне промотивен материјал за носење заштитна маска и упатство како правилно се користи, а доколку некој од вработените е болен или не се чувствува добро, не треба да доаѓа на работа. Доколку, пак, некој вработен не се чувствува добро додека е на работа, треба да му се обезбеди медицинска маска за да може безбедно да се врати дома.

– Сите работници сами да го следат своето здравје и редовно да ја мерат телесната температура. Мерењето на температурата на работното место треба да се разгледа како опција само во контекст на комбинација на мерки за превенција и контрола на Ковид-19 на работното место и заедно со комуникација за ризикот. Треба да се почитуваат стандардни оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи на работното место, а постојат сомневања дека има Ковид-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција, се наведува во протоколот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Луѓето кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден Ковид-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.

Препорака е да се намали и густината на луѓето во објектот, односно да има физичко растојание од најмалку еден метар меѓу работните позиции и во заедничкиот простор, како што се влезови или излези, лифтови и кантини и да се намали потребата од состаноци и настани кои вклучуваат близок контакт меѓу вработените, односно да се користат телеконференциите.

Во протоколот се препорачува да се намалат и одложат патувањата поврзани со работата во региони каде има трансмисија и зголемен број на лица со Ковид-19, а доколку се неопходни, да се обезбедат дезифициенси за раце за работниците кои мора да патуваат, а по враќањето да се следи здравствената состојба и можната појава на симптоми во текот на 14 дена.

Во работните средини треба да се обезбедат промотивни материјали како постери, видеа или електронски табли на кои ќе се прикажуваат покари за зголемување на свеста за вирусот и редовно да се информира епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје при појава на ризикот од Ковид-19.

koronavirus mkdprotokolvlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео