Против двајцата полицајци е покрената дисциплинска постапка, за прилепчанец е поднесена пријава за лажно претставување

Од:

Две од лицата кои се фотографираа во полициска униформа се полициски службеници, а едно лице од Прилеп заработи прекршочна пријава поради лажно преставување на социјалните мрежи како полицаец. Ова е епилогот откако јавноста реагираше на навредливата содржина испишана на фотографиите кои полицајците и прилепчанецот ги објавија на социјалните мрежи. МВР веднаш реагираше и го осуди нивното однесување, оценувајќи го како недоличен и недопустлив.

„При извршените проверки беше утврдено дека двете лица на една од фотографиите заеднички фотографирани во возило станува збор за овластени полициски службеници, истите веднаш се повикани на разговор во внатрешна контрола на МВР , при што против нив најитно поведе дисциплинска постапка за чија содржина и исход ќе ја известиме јавноста по утврдување на сите факти“, велат од МВР.

Од министерството велат дека против 27 годишниот прилепчанец ќе поднесат прекршочна пријава поарди лажно претставување на социјалните мрежи како полициски службеник, бидејќи носел маица со полициски ознаки.

„Веднаш по утврдување на идентитетот е повикан во ОВР Прилеп на разговор и по утврдените факти и разговорот со него, МВР против него ќе поднесе прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно преставување на социјалните мрежи како полициски службеник,носејќи полициска мајца со полициски ознаки “, додаваат од министерството.

Тие апелираат до граѓаните и до полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините на објавите на социјалните мрежи и воедно потенцираат дека најстрого ќе бидат казнувани сите лица кои со ваквото недолично и непрофесионално однесување го нарушуваат угледот на полицијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога