ВИДЕО: Протестен марш против полициската бруталност

Од:

Со едноминутно молчење за брутално убиениот Мартин Нешкоски, а со цел запирање на полициското насилство, неколку стотини млади луѓе, излегоа на улиците низ Скопје за да го изразат својот револт против однесувањето на институциите.

Извикувајќи „Нема правда нема мир“, „Пробавте да скриете“, „МВР под истрага“, младите се упатија кон полициската станица Беко, каде што се судрија со полицијата.

Барајќи оставка на Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и нејзиниот помошник, Иво Котевски, групата тргна кон МВР. Овде, уште еднаш беше ограничено нивното движење.

Покрај активистите на здружението „Стоп за полициската бруталност“, поголем број граѓани и невладини организации се придружија на протестниот марш. Сите побараа одговорност од институциите и случајот со Мартин Нешкоски никогаш да не се повтори.

Серијата граѓански протести за запирање на полициската бруталност, започна лани, откако припадник на полицијата го уби Мартин Нешкоски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Надлежните, тогаш, случајот неколку дена го криеја од јавноста. И една една година подоцна, револтот на младите луѓе кон полициската бруталност, сеуште расте.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Ландов

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Ана Ололовска

Спасовски: Да одговорат обвинителот и судијата врз кои проценки е дозволено Спасов да ја прекине затворската казна

Ана Ололовска

Игор Спасов, убиецот на Нешкоски, избегал во Турција?

Мери Јордановска

Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Заев: Очекувам истрагата да покаже каде е Игор Спасов

Ана Ололовска