Протестираат организаторите на настани: Бараме државна помош, не работиме веќе 14 месеци

Од:

На денешниот протест на претставниците од индустријата за организирање настани беше истакнато дека тоа е гранката што е најзагрозена од пандемијата со Ковид-19 и оти бараат грантови, но дека Владата нема слух за нивните потреби.

– Ивент индустријата е индустрија која е најзагрозена од пандемијата. Според Централниот регистар нашиот пад е околу 62 проценти, што значи дека две третини од прометите којшто сме ги правеле во 2019 се намалени со пандемијата. Во целата 2020, па и 2021, 14 месеци, ние освен шесте месеци помош за плата, немаме добиено никаква друга поддршка од државата и заради тоа сметаме дека треба да излеземе денеска, бидејќи не сакаат да не слушнат на разговори, не сакаат да одоговорат на нашите дописи и не сакаат да го слушнат тоа што ни треба, истакна Маја Бабиќ, претседателка на Асоцијацијата ИВАП.

Таа нагласи дека Владата предвидела конкурс на којшто можат да аплицираат за организирање на државни настани.

– Да бидеме јасни, 30-годишнината на независноста на Македонија ќе се организираше секако. Значи не можеме тоа да го наречеме помош. Ниту ќе помогне на компаниите, особено што нема да бидат помогнати сите, туку само одбраните и не може се еден настан компанијата што ќе го добие, со парите да ја покрие загубата од целата година. Ние се обидовме на сите мирни начини да дојдеме до заклучок, но нема разбирање од другата страна, рече Бабиќ.

Таа потенцираше дека бараат грантови и оти уште во јануари до Владата доставиле, како што рече, конкретни, серозни и издржани предлози, како тоа да се спроведе.

– Има точно пропишани критериуми под кои која компанија заслужува да добие грант. Тоа треба да е 60 отсто намалување на приходот во 2020, треба да ги има платено сите даноци кон државата, да докаже дека навистина работи во ивент индустријата, бидејќи тоа беше малку на почетокот неразбирливо за Владата, значи има точни критериуми под кои можат ако сакаат да доделат помош, посочи Бабиќ.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Еднократна финансиска помош добиваат ноќните клубови, рестораните за свадби и туристичките агенции

Српските власти најавија нова еднократна државна помош од 50 евра, пензионерите ќе добијат по 100

Жарко Настоски

Хрватска: Малите стопанственици ја тужат државата поради епидемиолошките мерки

Жарко Настоски

Костадинов: 10 милиони евра за бескаматни кредити од линијата Ковид 4, поддршката за економијата продолжува