Протестен собир на „Зелен хуман град“: Масакрирањето здраво зеленило во еден од најзагадените градови во Европа е недозволиво

Од:

Здружената иницијатива „Зелен хуман град“ утре во 12 часот на протестен собир ќе го искаже својот револт поради сечата на дрвјата на улицата Орце Николов.

Од Иницијативата ги повикуваат сите оние кои сакаат зелено и хумано Скопје со нивните семејства да се приклучат на овој перформанс, преку оставање на цвеќиња од сите бои на местото на исечените дрвја.

„По овој симболичен гест, ќе го преместиме протестот кај дрвјата во близина кои сè уште стојат, но се планирани за сечење. Таму ќе правиме селфија со хаштагот #КогаПилитеЌеСтивнат и ќе ги преплавиме социјалните мрежи со пораки до надлежните дека повеќе не смее да падне НИ ЕДНО ЗДРАВО ДРВО, ИЛИ ДРВО КОЕ ИМА ШАНСИ ДА СЕ ИЗЛЕЧИ! Им упатуваме јасна порака на властодршците: масакрирањето здраво зеленило во еден од најзагадените градови во Европа е НЕДОЗВОЛИВО!“, велат од „Зелен хуман град“.

Барањата на Зелен хуман град се:

1. Да се сопре извршувањето на решението издадено од Град Скопје со кое се овозможи масакрот на улица Орце Николов со цел да се спасат преостанатите дрвја кои сè уште не се исечени.

2. Веднаш јавно да се објават сите документи кои содржат стручни аргументи врз основа на кои градоначалникот на Град Скопје го донел решението за сечење на десет дрвја.

3. Итно да се измени Статутот на Град Скопје со додавање одредби за зголемена транспарентност, ефективна вклученост на јавноста и задолжително објавување на решенијата за сечење зеленило на веб-страницата и на официјалните профили на социјални мрежи на Град Скопје на денот на нивното донесување.

4. Град Скопје и општините во Град Скопје да воведат статутарни одредби за задолжително да организираат презентација на проекти за уредување улици и јавни простори од страна на проектантите и одговорни лица во општините, како и можност за партиципација на јавноста.

5. Зелениот катастар на Скопје веднаш да се ажурира со сите неопходни информации и отсега натаму тоа ажурирање да е задолжително тековно.

6. ЈП Паркови и зеленило во согласност со тековно ажурираните информации на Зелениот катастар, задолжително да изработи план за лечење на дрвјата кои со професионална нега може да се спасат и истиот доследно да го применува.

7. Итна независна ревизија на проектот за реконструкција на улицата Орце Николов и објавување на проектантот и ревидентите на проектот.

8. Да се поднесат пријави по службена должност против сите кои ги прекршиле законите, кои ги пречекориле своите законски овластувања и кои несовесно работеле во службата.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он