Протестен марш против загадувањето во Битола

Од:

Здружението на граѓани „За нас се работи“ од Битола, вечерв организираат протестен марш против големото загадување на воздухот во градот.

На фејсбук страницата, групата со наслов „Битола сака чист воздух“, има повеќе од 11 илјади членови.

Почетокот на маршот е во 18,45 часот, од споменикот на Стив Наумов, преку Широк Сокак, во 19 часот се пристигнува до Народниот театар – Битола, каде во тоа време по повод Денот на ослободувањето на градот 4.Ноември, ќе започне свеченоста за доделување на наградите на годинешните добитници.

bitolaEkoMarsh

Идејата на организаторите е да го свртат вниманието на релевантните личности и фактори кои одлучуваат за важни прашања за граѓаните на Битола, а кои вечерва, ќе присуствуваат на манифестацијата.

Денеска, точно на пладне, членовите на иницијативниот одбор на здружението „За нас се работи“ положија цвеќе пред мерната станица „Битола 2“ која подолго време не работи и претставува „споменик во името на екологијата“.

Во текот на денот се отворени канцелариите на Здружението, во кои ќе биде поставена изложба на фотографии кои поддржувачите на групата „Битола сака чист воздух“ во изминатите два месеца ги испраќале на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен