Протест за слобода на осудените за 27 април поддржан во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денес излегува на протест во 11 часот пред Владата, а на масовност граѓаните ги повика претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Протестот е организиран по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, од неколку македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ, Единствена Македонија, Интегра, и Подем исто така го поддржаа протестот.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест. Недела, 11:00 часот пред Влада“ – напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал