Под мотото „Црвен картон за министерот Тодоров“, денеска ќе се одржи протестен марш против министерот за здравство Никола Тодоров и сите одговорни за случајот со 9-годишната Тамара Димовска од Велес која почина, чекајќи Фондот за здравство да одлучи да ја плати операција во Турција.
Маршот ќе започне во 12 часот од Фондот за здравствено осигурување, кај Црвен крст ( ЈУГОДРВО), ќе продолжи кон Собрание и Рекорд, по улица Македонија кон Рамстор, па булевар Мајка Тереза и улицата Јордан Мијалков ќе заврши пред Министерството за здравство.