Протест за ослободување на осудените за „27 април“

Од:

Под мотото „Правда за уставобранителите“ денеска пред Владата почна протестот за поддршка и правда за осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, кој треба да заврши пред Собранието.

Беше прочитана Декларација со барање за ослободување на осудените. Обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април“, според организаторите на протестот, се политички монтирани. Бараат од Врховниот суд да го поништи судењето, да ги укине пресудите и да има ново судење бидејќи, сметаат дека пресудите се базираат на лажни сведочења.

Протестот е во организција на македонските заедници и организации од дијаспората, а го поддржаа дел од опозициските партии меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е втор протест во организација на македонски заедници и организации од дијаспората за поддршка на осудените за 27 април. Првиот беше на 25-ти, минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски