Протест за Бекир Каридески во Софија: Немам дилеми дека Македонија е бугарска порача Џамбаски

Од:

Протест за поддршка на копретседателот на бугарското здружение „Шемето“ во Струга, Бекир Кадриески кој тврди дека беше претепан поради бугарското национално чувство се одржа вчера во Софија пред Македонскиот културен центар.

„Нападите против Бугарите станаа десетици, а позадината на тоа е долготрајната репресија врз нив во Северна Македонија, која започна со комунистичкиот терор во Југославија“, велат организаторите на настанот.

За нас нема дилема дека Македонија е бугарска, рече европратеникот Ангел Џамбаски.

„Резолуцијата на германскиот Бундестаг за Северна Македонија е навредлива за Бугарија и е голем неуспех на бугарската дипломатија. Тоа значи непријателство кон нашата земја. Тоа ќе има огромен негативен ефект, бидејќи Бугарија е директно повикана да нема претензии за заштита на правата и легитимни интереси на луѓе со бугарска самосвест. На овој начин Германија застанува на страната на антибугарската моќ во Северна Македонија“, рече Џамбаски.

Кадриевски беше пренесен во Софија каде му беа направени прегледи откако обвини дека лекарите кои го прегледувале во болницата во Струга не обрнале доволно внимание. Од Воено-медицинската академија во Софија информираа дека е во стабилна сосотојба и нема посериозни повреди.

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра