Протест против промена на името пред Собранието, побараа итно и безусловно запирање на процесот на уставни измени

Од:

Протестот пред Собранието против уставните измени и промена на името почна со македонската химна пуштена на звучници, а во изведба на Игор Дурловски, кој е обвинет за упадот во Собранието на 27 април. По химната, присутните дадоа аплауз за организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

„Нема да го повториме 27 април, нема да бидеме жртви на предавството и невини жртви со политички монтирани случаи лежат во затвори. Пратениците да ги прифатат нашите барања против уставни измени“, порачаа присутните на почетокот на протестот.

На протестот присутни се членови на повеќе здруженија меѓу кои „Христијанско братство“, како и на партијата „Единствена Македонија“. Организатор на протестот е Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес, а меѓу говорниците е и отец Ивица.

Присутните пред Собранието извикувааат: „Оставка“ и со ласер на зградата на Собранието испишуваа: „Оставка“ и „Предавство“.

Тие бараат „итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени, еднострано правно поништување на октроираниот Преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум, стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право, трајна заштита на името на државата и распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори“.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?