Протест против масовното канцерогено загадувањето во понеделник

Од:

Граѓанските иницијативи и здруженија од Скопје, Битола, Тетово и другите загадени градови од Македонија во понеделник во 17 часот пред Владата на Република Македонија ќе излезат на протест и ќе побараат од надлежните да не го релативизираат проблемот со загадувањето и конечно да преземат мерки.

Извештајот на светска банка изнесува загрижувачки 1,350 смртни случаи годишно од загадените честички кои ги внесуваме, што не сместува на петто место на смртност од загадувањето во светот.

Демонстрантите во понеделник ќе истакнат сет краткорочни и долгорочни мерки против загадувањето, бидејќи, како што велат, властите не преземаат ништо во врска со тоа.

Честичките предизвикуваат рак на белите дробови, а во нив содржат метали, прашина и честички создадени од согорување. Здруженијата велат дека е крајно време целиот народ да покаже дека загадувањето не е мала работа и дека властите треба да преземат нешто веднаш.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух