Малку студенти и повеќе автобуси за протестот во Штип против двојазичност и промена на името

Од:

Двојазичностa и промената на името се крвен противник за Македонците. Ова е ставот на присутните на студентските протести во Штип, каде немаше голем број студенти, а дел од присутните дојдоа од неколку градови во Македонија. Како што беше кажано од организаторите, зад протест не стојат политички партии, туку финансиската поддршка е од дијаспората.

„Зарем на Европа не им е доволен нашиот придонес кон светот? Ние со жив штит ќе ги браниме припадниците на АРМ. Нема да дозволиме на нивните униформи да стои балистичкиот симбол. Ние младите сме со вас, ќе стоиме на браникот на одбраната. Ако некои играат со вашата чесност, ние ви кажуваме благодарам“, рече студентот Сашо Кироски.

Христијан Банито, дел од организаторите на протестот, пред присутните рече дека иако патувал низ светот, неговата љубов била Македонија и македонскиот менталитет. Тој предложи, автопатот Пријателство да се преименува во Геноцид, поради протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија.

„Тие што пијат кафе низ Штип, нека да знаат дека кога ќе ни го променат името, тоа кафе нема да го пијат мирно, бидејќи ќе бидат во брзање, како што е животот во светот. Ние ќе се бориме со собири, имаме традиција која ќе ја почитуваме. Ќе го рушеле споменикот на Александар Македонски, не! Нека изградат они споменик на Аристотел бидејќи е роден во егејска Македонија. Ако не можат тие, ќе го изградиме ние со пари од дијаспорста, само нека дадат дозвола“, рече Банито.

На протестот организиран од студентите на Универзитетот Гоце Делчев, беше поставена е и кутија за собирање на средства за притворените од настаните на 27 април во Собранието.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани