А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Протест против аерозагадувањето: Повеќе пари се трошат за службени патувања отколку за животната средина

by А1он17/11/2018 - 12:5717/11/2018 - 14:29397
Share0

Пред Инспекторатот на Град Скопје денеска се одржа протест под мотото „Време е за чист воздух“.

Добивај вести на вибер

На протестот учесниците носат транспаренти на кои пишува: „Удобноста на вашите газови вреди дупло повеќе од нашите живот – согласно со Буџет на РМ 2019“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Четворица дневно умираат чекајќи чист воздух“…

Привремена забрана за работа и процентуални казни согласно со профитот на големите индуструски објекти додека не воспостават еколошки стандарди, по примерот на „Југохром“, итно и безбедно отстранување на опасниот отпад – линданот во близина на „Охис“.

За спречување на градежната експанзија бараат од пратениците во Собранието на Република Македонија поднесување предлог за итна промена на Законот за локална самоуправа со враќање на членот 47, кој гласи: „За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на единицата на локалната самоуправа. На предлог од најмалку 175 од вкупниот број избирачи може да се покрене прашањето за доверба на градоначалникот. Одлуката за недоверба е донесена ако за неа гласале 51 отсто од вкупниот број гласачи во единицата на локалната самоуправа“.

– Патиме сите од загадениот воздух најмногу децата и повозрасните, 30 години не трујат, а некој профитира од тоа. Власта да разбере дека треба итни мерки. Во најазагадените денови забрана треба за големата индустрија, два три месеци да се изгаснат погоните и да се дислоцораат тие фабрики. Казни за индустриите без еко стандарди. Токсичниот отпад кај „Охис“ се разнесува со секој ветер и дожд, велат организаторите.

Тие побараа и забрана за градежни работи кога загаденоста е висока.

Според нив, 1,5 милион за екологија е срамно.

– Повеќе пари трошат за службени патувања и ќефови за нив, отколку за граѓаните, посочуваат организаторите.

Од Левица обвинија дека парите во државниот Буџет предвидени за аерозагадувањето се премалку.

„Бараме пратениците во предлог-законот за локална самоуправа да го вратат членот за изгласување недоверба на градоначалникот. Повикување на правни пречки дека не може да се стопира градба и дека е скапо поништување на договор е потценување на интелектот на граѓаните. Мерењето на загаденоста на воздухот во ‘Дрисла’ било скапо, а тоа е колку нивниот мебел. Каде се нашите пари“, прашаа од Левица.

Преку звучници можеа да се слушнат стари изјави и ветувања од предизборни кампањи на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и од премиерот Зоран Заев во кои ветуваат мерки против загадувањето.

Галена Николовска-Ризвановиќ

protestskopjezagaduvanje

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:03

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Горан Наумовски16/02/2026 - 13:02

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Горан Наумовски04/02/2026 - 15:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен