Протест на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ пред Здравство: Сите сме Јилдиз не казнивоста значи одобрување

Од:

„Болниците станаа „жолта куќа“ во која никој не е безбеден. Последниот скандал со Јилдиз Веапоска, родилката од Струга, ја прелеа чашата која се полнеше со повеќе случаи во кои пациенти завршиле трагично поради лекарски грешки кои не биле санкционирани.

Како да не беше доволно што на Веапоска и извадиле здрави органи и матка поради што повеќе нема да може да раѓа, туку и сомнежот за полот на бебето е јасен показател дека докторот Мухамед Асани извршил злосторство за кое мора да има казна, а не заштита од нефункционалниот хаотичен систем на Филипче и неговите пајташи“, велат од Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашите тела не се „кукли фантоми за вежбање“ на партиските миленици, нашите животи не смеат да зависат од некадарноста на оние кои вршат злостор и поминуваат неказнето бидејќи се заштитени од политиката. Не смееме да дозволиме враќање во средниот век во кој жените од страв ќе се пораѓаат дома, бидејќи штетниците се заштитени од Филипче и хаотичното здравство.

Мора да има одговорност, мора да има правда. Ако премолчиме за ова ќе се случуваат уште многу други вакви случаи. Ако не го кренеме гласот за ова, хоророт ќе продолжи, а виновниците ќе поминуваат неказнето. И затоа не смее повеќе да се молчи!

Ве повикуваме да го подигнете гласот против неправдите на протест во сабота 20-ти март во 11 часот пред Министерството за здравство, затоа што Сите ние сме Јилдиз и затоа што неказнивоста на ваквите трагични случаи значи нивно одобрување.

Ова е протест за жената и женските права, ова е протест против заштитата на злосторниците, ова е протест против хаосот и трагедиите во здравството и очекуваме поддршка од сите општествени чинители!“, соопштуваат од Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски