Просветен инспектор-советник од ВМРО-ДПМНЕ, ја спасува Даниела Костадинова

Од:

Партиската другарка Мирјана Насковска, во улога на државен просветен инспектор, ја спасува Даниела Костадинова и одлучува за судбината на ООУ „11-ти Октомври“ . По нелегалниот и незаконски избор на Даниела Костадинова за директор, кога беа прекршени сите правила и девет члена од училишниот одбор дадоа десет гласа за нејзин избор, по нејзиното именување од страна на министерот за образование, по труењето на 110 деца во училиштето и по сериозното незадоволство на поголем број на родители од нејзиното работење, Костадинова, со незавршена постапка е запишана во Централниот Регистар на РМ како директор.

Државниот просветен инспектор Мирјана Насковска го поништува разрешувањето на еден член на училишниот одбор од редот на Советот на наставници. Разрешувањето било со 30 гласа „ЗА“, 3 „ВОЗДРЖАНИ“ и 1 „ПРОТИВ“. Инспекторот носи акт и за поништување на изборот на нов член, кој добил поддршка од 30 членови од Советот на наставници, а 4 биле воздржани. Во одлуката на инспекторката не е наведен член по кој смета дека изборот и разрешувањето не се согласно правилата. Само напишала дека тоа е така, бидејќи новиот член не ги застапува мнозинските мислења и интереси на наставниците во училишниот одбор. Дописот е пратен до Даниела Костадинова, но не и до В.Д. директорот, Васко Лазаревски, назначен од градоначалникот на општина Центар.

12218288_538154996356260_601236516_o

Мирјана Насковска, државниот просветен инспектор кој ги носи овие одлуки, е советник во Советот на општина Чаир од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и заедно со Даниела Костадинова, која за општина Центар е нелегално избран директор, биле делегати на Конвенцијата за избор на Ѓорѓе Иванов за претседател на РМ, на предлог на ВМРО – ДПМНЕ.

lista1 lista12

За ова пишува на својот статус и Саша Богдановиќ и објавува слики од Комитската вечер на ВМРО-ДПМНЕ.

12231263_538155033022923_1737840070_n

„Нека не не чуди фактот што се повеќе ни се случуваат инциденти и по болниците и по образовните установи. Кога власта нешто ќе се намерачи, не бира средства како да го постигне тоа што го зацртала па макар газеле по живи луѓе. Но, во случајот со 11 ти Октомври станува збор за деца. Млади, кои допрва треба да се развиваат и да растат во систем и држава каква што ние ќе им оставиме. Но, за жалост гледаат нешто друго. Во 11 ти октомври, власта си ја тестира својата моќ и своите можности за ненормално применување на сила. Откако со фалсификат си ја ставија Даниела за директорка (од 9 гласа во училишен одбор некои гласаа по два пати па се дојде до 10 гласа) откако неколку пати заради нејзиното самоволие наставата беше прекинувана, дојде моментот заради нејзината неспособност да се затрујат и децата во училиштето. Откако општината и Градоначалникот реагираше до училишниот одбор да се смени неспособната директорка, Даниел Стоилов, инаку човекот кој го направи фалсификатот при изборот не најде за сходно ни да ги разгледа фактите и состојбите.
daniela

Инаку Даниел Стоилов е адвокат и претседател на правната комисија при О.К. Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Откако како училишен одбор не направија ништо и не покренаа одговорност, Градоначалникот на Општина Центар ја разреши директорката која откако е дојдена прави хаос во училиштето. За кратко време, нормално по нарачка од страна на власта, Мирјана Насковска инспектор во државен просветен инспекторат и советник од ДПМНЕ во Општина Чаир доаѓа и прави контрола. Инспекторката не и текнува да испита како одело гласањето за избор на директор но, кога се во прашање потребите на партијата доаѓа и веднаш изготвува записник во интерес на своите партиски колеги. Но, агонијата не застанува тука. Наставничкиот совет на своја седница со 30 гласа ЗА и 3 ПРОТИВ го разрешува едниот член на училишниот одбор и назначува друг кој ќе ги застапува нив како наставници а не партиската машинерија. Училишниот одбор се состана и го потврди разрешувањето на директорката но,и воедно го разреши Даниел Стоилов од претседател на училишниот одбор заради несовесно вршење на работата.

За само еден ден повторно доаѓа Мирјана Насковска и ја поништува одлуката на наставничкиот совет и со тоа ја оспорува и одлуката на училишниот одбор. Почитувани властољубци. Вака веќе не оди. Работите се менуваат. Бидејќи сакате да одите до крај, бидете спремни на ист таков одговор. Но, ние не се бориме насилно. Него жестоко. За се што направивте соодветно ќе одговарате. Ќе одговараат и поголеми од вас. Жалам што се нафативте да играте валкана игра од која штета имаат граѓаните на Центар но, пред се децата од 11-ти Октомври“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања