Проштална средба на претседателот Пендаровски со италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Од:

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими Карло Ромео, амбасадор на Италијанската Република во Република Северна Македонија.

На средбата се разговарало за билатералните односи меѓу двете држави, при што, како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, било констатирано дека меѓу двете држави постои успешен развој на соработката во сите области од заемен интерес.

– Соговорниците истакнаа дека двете држави негуваат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог. Тие го реафирмираа интересот за дополнително интензивирање на економските односи и трговската размена, како и за соработката во областа на одбраната и безбедноста, образованието, културата и туризмот, стои во соопштението.

Претседателот Пендаровски подвлекол дека Северна Македонија високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија.

Заеднички се согласиле дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и НАТО е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.

Посакувајќи успех во натамошниот професионален ангажман на амбасадорот Ромео, шефот на државата Пендаровски се заблагодарил за досегашниот негов ангажман во нашата држава при што ја истакнал успешната реализација на официјалната посета на Италијанската Република што се реализираше во ноември 2019 година и изразил очекување за возвратна официјална посета на италијанскиот претседател на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!