Проректор Ѓуровски: Високото образование да создава кадар кој потребен на бизнисот за отворање на нови работни места

Од:

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Стопанската комора на Република Северна Македонија се организатори на еднодневната Конференцијата „Високото образование и бизнисот-заеднички предизвици и приоритети„ што се одржува во хотел Александар Палас во Скопје.

Учество на Конференцијата земат претставници од бизнис заедницата, академскиот кадар и студентите, кои дебатираат во две панел дискусии на теми: Вклученоста на бизнис заедницата во креирање политики во високото образование; Инвестиции на бизнисот во високото образование-пракса, вештини, знаења.

„Целта на Универзитетите е да им се овозможи на студентите да стекнат разновидни знаења и вештини кои ќе ги оспособат брзо да се прилагодат на променливиот пазар на труд и економското преструктурирање, како и да го потикнат доживотното учење. Задачата на Универзитетите е да воспостават рамнотежа помежу барањата и очекувањата на работадавачите, од една страна и поопфатна и дологорочна визија за потреби од вештини и компетенции од друга страна“, кажа ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски.

„Треба да сфатиме дека концептот на економски стабилна држава неизбежно се темели и повикува на образованието. Потребни се образовни политики кои ќе изградат култ од образованието како најважен државен, национален и економски ресурс, наместо негова маргинализација и потценување. Науката и високото образование не треба да се третираат како потрошувачка, туку како најважна продуктивна сила на општеството“, нагласи проректорот на УКЛО, професорот Марјан Ѓуровски.

Според него „Три децении имаме континуирано ниско ниво на јавни вложувања во високото образование и научно-истражувачката работа, најниско во регионот и пошироко. Дали е потребна е радикална промена во концептот на високото образование и науката,дали создава кадар за пазарот на труд и само така ќе ги согледаме сите аномалии на македонската парадигма? Кога стремиме кон ЕУ и започнувањето на преговорите за членство, треба да го имаме предвид ставот на Европската комисија дека Европската Унија мора да ги зајакне трите пола на триаголникот – знаење – образование – истражување и иновации. Свесни сме дека постои реален вакуум во нашиот образовен систем. Недостигаат практичната настава и апликативно знаење. Цената за тоа ја плаќаат младите кадри, компаниите, но и македонската заедница”.

Проректорот Ѓуровски истакна дека има модели со кои може да се надминат ваквите состојби преку поголема застапеност на бизнисот во програмите за високо образование, да се зголеми практичната работа, и да се посвети внимание на развојот на вештините на студентите кои подоцна практично ќе ги применуваат. Треба да изградиме иднина за младите, но и млади за иднината. Да им овозможиме натпревар на резултатите на нивниот ум и труд. Нив треба да ги подготвиме да се соочат со предизвиците што ги носи животот во 21 век и постпандемијата.

Проректорот Ѓуровски на конференцијата за високото образование и бизнисот рече дека бизнис-секторот не е вклучен целосно во процесот на програмирање и финансирање на високото образование и научните истражувања и има најниско учество во технолошко-иновациската дејност во регионот. Наместо умови, надвор да извезуваме успешни приказни, затоа што знаењето е единственото богатство што никој не може да го одземе. Темата високо образование, научно истражувачка работа, техничко-технолошки развој конечно треба да станат доминантни и клучни теми во јавната дебата бидејќи тоа е единствената сфера која влијае на сите други сегменти во општеството. Високото образование во изминатиот период ги преживува сите негативни тенденции во македонското општество.

Зошто постои демотивација кај студентите и кадарот, праша проректорот Марјан Ѓуровски.

„Сите треба да работиме на надминување на оваа состојба. Кога не еден од најпрестижните факултети во земјата едно истражување покажало дека од 300 студенти во завршните години 250 студенти би сакале да ја напуштат државата, тогаш има ли посериозно прашања. Соработката помеѓу бизнис заедницата и универзитетите придонесуваат за унапредување на капацитетите на идната работна сила. Придобивките од развивањето на заеднички програми ќе бидат видливи и корисни за сите инволвирани страни. Треба да се идентификуваат начините за подобрување на квалитетот и квантитетот на практиканството, можностите за користење на повеќе практични примери од компаниите во текот на студирањето, вклучувањето на претставници од бизнис заедницата како гости предавачи на факултетите како и начините за зголемување на бројот на специјализирани програми подготвени соодветно на барањата на конкретна компанија. Оспособувањето на студентите за практична работа уште во текот на студиите е значаен фактор за зголемување на нивната конкурентност и способност за побрзо наоѓање на работа. Компаниите и универзитетите мора да ја продлабочат својата соработка на повеќе начини, како на пример: развој на план за соработка, интегрирани вежби за учење, кооперативно учење, истражувачки и инкубирани компании. Преку овие модули на соработка, новата работна сила во Македонија ќе има можност да остане конкурентна“, додаде Ѓуровски.

Ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски нагласи дека значајно е прашањето за инвестициите на бизнисот во високото образование кое што е повеќе од неопходно за да се зголеми и подобри вклученоста во истражувања и проекции насочени кон нови и смели инвестициски потфати.

На конференцијата се спомена дека постојат повеќе модели со кои може да се надминат состојбите преку поголема застапеност на бизнисот во програмите за високо образование, да се зголеми практичната работа, и да се посвети внимание на развојот на вештините на студентите кои подоцна практично ќе ги применуваат. Треба да изградиме иднина за младите, но и млади за иднината. Да им овозможиме натпревар на резултатите на нивниот ум и труд. Нив треба да ги подготвиме да се соочат со предизвиците што ги носи животот во 21 век и постпандемијата е пораката која се прати на денешната конференција.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за поинтензивна соработка меѓу УКЛО и приватниот безбедносен сектор

Ана Ололовска

УКЛО потпиша договор за соработка со Криминалистичко-полицискиот Универзитет од Белград

Жарко Настоски

ЦУК и академската заедница почнуваат интензивна соработка

Ана Ололовска

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Димовски ќе предава пред студентите на Факултетот за безбедност-Скопје

Ана Ололовска

Еразмус + форум во организација на УКЛО и Националната агенција за образовни програми и мобилност

Ана Ололовска

Битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник

Катерина Ѓуровски